ПСЖ може да остане без тренер: Луис Енрике сонува само за еден клуб?!

by Стефан
1 минути читање

Шпанскиот стратег Луис Енрике би можел еден ден да се врати во Барселона, иако неговата позицја во францускиот гигант е прилично сигурна.

Со ПСЖ, Енрике успеа да стане европски шампион и играше финале на Светското клупско првенство, но трофејниот стратег наводно сонува за враќање на „Камп Ноу“.

Според информациите, клучни во можното враќање на Енрике може да бит изборите во Барселона кои се одржуваат наредната година. Неговиот договор со ПСЖ е до летото 2027 година, па не е реално да се очекува и порано да се врати, меѓутоа во меѓувреме „коцките“ би можеле да се поклопат за токму тогаш повторно да биде дел од Барселона.

Eнрике првиот тим на Барселона го предводеше од 2014 до 2017 година, а прехтоно на почетокот од тренерската кариера работеше со младинскиот тим од 2008 до 2011.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×