Пол Сколс има „Нов омилен фудбалер“ откако го гледаше натпреварот помеѓу Њукасл и Барселона

by bojan
1 минути читање

Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс вели дека Педри е неговиот „Нов омилен фудбалер“, откако го гледаше синоќешниот натпревар помеѓу Њукасл и Барселона во Лигата на шампиони.

„Каталонците“ синоќа триумфираа со 1-2 на гостувањето на „Сент Џејмс Парк“, Маркус Рашфорд блесна со два гола и донесе победа за шампионот на Шпанија.

Но клучни за победата беа и Педри и Френки де Јонг, кои ја контролираа играта и ја поврзуваа дефанзивата со нападот.

Шпанецот со својата партија ги одушеви и навивачите на Њукасл, како и  Пол Сколс, кој во свое време важеше за еден од најдобрите фудбалери од средниот ред.

Легендата на Манчестер јунајтед на социјалните мрежи постираше фотографија од Педри и напиша: „Мојот нов омилен фудбалер“.

Педри натпреварот го заврши со 84 прецизни додавања од 92, и ниту еднаш не му беше одземена топката.

Импресиониран од играта на Педри и Де Јонг беше и Џек Грилиш, кој напиша: „Задоволство е да се гледаат“.

Доколку сте ја пропуштиле маестралната партија на Педри, на социјалните мрежи има две минутна компилација од неговиот настап против Њукасл во која можете да уживате.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×