Синот на еден од најдобрите тренери ќе го води тимот на Миовски?

by Стефан
1 минути читање

Според пишувањата на британските медиуми, во Глазгов Ренџерс сериозно се размислува за смена на стратегот Расел Мартин, а како прв кандидат за негов наследник се споменува Давиде Анчелоти, синот на славниот Карло Анчелоти.

Причината за ваквите најави е катастрофалниот почеток на сезоната во кој шкотскиот гигант по пет одиграни кола сѐ уште ја брка првата победа, што предизвика незадоволство кај навивачите кои бараат реакција од управата.

Давиде во овој момент го предводи Ботафого, но и неговата позиција таму не е сигурна поради серијата слаби резултати во кои на последните осум натпревари има само две победи.

На табелата Ренџерс веќе заостанува девет бода зад големиот ривал Селтик. Миовсски во клубот како што е познато е познато пристигна летово по епизодата во Жирона каде што одигра една сезона во која немаше најдобар учинок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×