Сон веќе го даде првиот хет-трик во МЛС! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Корејскиот репрезентативец Хеунг-Мин Сон блесна во дресот на Лос Анџелес и со хет-трик ја урна екипата на Реал Солт Лејк во убедливата победа од 4-1.

Искусниот 33-годишен напаѓач летово стави крај на десетгодишната авантура во Премиер лигата и по заминувањето од Тотнем реши да ја продолжи кариерата во МЛС лигата, која последниве години е вистински рај за светските ѕвезди во позрели години.

Сон беше главен протагонист на мечот со трите погодоци, а со тоа стигна до бројка од пет гола на своите први шест настапи за новиот клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×