452
Младинскиот состав на Работнички денеска ќе тргне од првото квалификаиско коло во Лигата на шампионите против Шелбурн од Ирска во првиот натпревар од двомечот кој се игра во Даблин.
Натпреварот вечерва се игра во терминот од 20:45 часот, додека реваншот е закажан за 1 октомври во Скопје.
Во второто квалификациско коло победникот од овој дуел ќе се соочи со Жилина од Словачка.
Пред Работнички во младинската Лига на шампиони од Македонија играа: Шкендија (три пати), Вардар, Победа и Брера.