Брајтон платил 25 милиони евра за напаѓач, а клубот инкасирал само 2,5 милиони

by bojan
1 минути читање

Спорт Билд открива како трансферот на Стефанос Цимас од Нирнберг во Брајтон не бил толку доходовен и покрај тоа што популарните „галеби“ платиле околу 25 милиони евра.

Брајтон на почетокот од оваа година го ангажираше Стефанос Цимас од Нирнберг во зделка 25 милиони фунти, и го остави во Германија на позајмица до крајот на сезона.

Но како што пренесува Спорт Билд, од овој трансфер, Нирнберг инкасирал само 10%, односно околу 2,5 милиони евра.

Зделката било прилична комплексна бидејќи Стефанос Цимас во Нирнберг настапувал на позајмица од грчки ПАОК, па Нирнберг морал прво да плати 18 милиони евра за во целост да го купи голгетерот, и потоа да го продаде на Брајтон.

И покрај тоа што разликата во сумите е 7 милиони евра, Нирнберг морал да одвои пари и за агентите инволвирани во зделката, па крај им останале само 2,5 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×