Интер Мајами со 3-1 го победи Сиетл Саундерс во заостанат натпревар од МЛС, Лео Меси и Жорди Алба беа главни за триумфот.
Сиетл Саундерс беше тимот кој го победи Интер Мајами во финалето од Лига Купот, па овој триумф е мала одмазда за тој пораз.
Поради настапот на Светското клупско првенство, Интер Мајами има заостанати мечеви од МЛС, поради што сега игра во згуснат распоред.
Резултатот на овој дуел го отвори Алба по асистенција на Меси во 12. минута, пред крајот на првиот дел ситуацијата беше обратна, Аргентинецот стрелаше прецизно по асистенција на Шпанецот.