245
Поранешниот капитен на Црвена звезда, Дејан Миловановиќ почина на среде натпревар откако му се слошило.
Тоа се случило на натпревар меѓу ветераните на Звездара и ПКБ. Во 32. минута од натпреварот Миловановиќ се подготвувал да изведе слободен удар по што паднал на тревникот.
Докторите час и 20 минути се бореле за неговиот живот, но не успеале да го спасат.
Миловановиќ за Црвена звезда одигра 173 натпревари и постигна 20 голови. Тој беше фудбалери и на Ланс, Паниониос и Вождовац.