Аморим веќе добил понуда за нова работа, ако добие отказ од Јунајтед има каде да оди!

by riste
1 минути читање

И покрај тоа што официјално добива поддршка од раководството на Манчестер јунајтед, иднината на Рубен Аморим е неизвесна и тој наскоро би можел да добие отказ.

Доколку не се променат резултатите, само прашање на време е кога Аморим ќе добие отказ. Но, Португалецот не мора да биде многу загрижен, бидејќи брзо ќе најде нова работа.

Наводно Бенфика веќе му ја понудила тренерската позиција во случај да се ослободи од Манчестер јунајтед. Тоа би било враќање во својата татковина за Аморим.

Тој сигурно сам нема да даде оставка од кормилото на Јунајтед за да не ја загуби големата отштета која ќе му следува ако добие отказ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×