Барди даде гол, но Коња загуби на домашен терен! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди го даде вториот гол оваа сезона откако погоди во поразот на Коњаспор од Аланија од 2-1.

Барди даде гол по шест минути игра во второто полувреме, со тој погодок Коња израмни на 1-1. Но подоцна прими уште еден гол и загуби со 2-1.

Македонскиот фудбалер имаше највисока оцена од сите фудбалери на Коња.

По четири одиграни кола, тимот на Барди има седум освоени бода во турската Суперлига откако ги победи Ејуп и Газиантеп, а одигра нерешено со Гестепе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×