Дориев со два гола и асистенција е најдобар стрелец во Узбекистан! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Љупче Дориев игра во врвна форма во првенството на Узбекистан, каде што изби на првото место на листата на стрелци.

Македонскиот интернационалец постигна два погодоци во победата на неговата Согдиана против ОКМК од 4-1. Дориев стрелаше за својот тим во 28 и 45 минута од првиот дел за предност од 2-0 на паузата.

Во продолжението од средбата Дориев подели и асистенција при третиот гол на соиграчот Абдурахмонов.

По 21 коло во првенството на Узбекистан тој е на лидерското место меѓу топ-стрелците. Дориев даде вкупно 12 погодоци, а има и пет асистенции кои му даваат предност пред конкурентите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×