318
Чаби Алонсо и Реал Мадрид останаа без Антонио Ридигер на подолго време, дефанзивецот го повредил предниот бутен мускул на левата нога и ќе паузира помеѓу 10 и 12 недели.
Чаби Алонсо доби лоши вест пред утрешниот натпревар против Реал Сосиедад, во последен момент од комбинација отпадна Антонио Ридигер.
И не само тоа, дефанзивецот го чека долга пауза, прогнозите се дека ќе биде надвор од стројот и до три месеци.
На крајот од денешниот тренинг, Антонио Ридигер се пожалил на болки а деталните тестови покажале оштетување на предниот бутен мускул на левата нога.
За ваков тип на повреда вообичаено време за опоравување е од 10 до 12 недели.