561
Бразил синоќа загуби од Боловија со 1-0, тоа беше меч од последното квалификациско коло кое резултатски ништо не значеше за Бразилците.
Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека капитенот на Барселона, Рафиња бил лут на Карло Анчелоти затоа што го играл во Боливија.
За сите фудбалери кои не се од Боливија, тешко е да се игра во таа земја, на 4.100 метри надморска височина, а дополнително температурата била само шест степени.
Рафиња сметал дека како еден од најважните фудбалери на Бразил и неговата исцрпувачка сезона на клупско ниво, требало да биде поштеден од овој натпревар кој се игра во тешки услови.