Екитике одлично ја почна сезоната во Ливерпул, но во меѓувреме црвените потпишаа и со Исак, па само за еден од нив ќе има место во нападот.
Двајцата се шпиц играчи, би требало едниот да е во стартниот тим, а другиот на клупата за резерви, освен ако Слот не одлучи некој од нив да го игра како крилен напаѓач.
Се чини дека и покрај добрата форма, Екитике ќе биде тој што прв ќе седне на клупата, Исак би требало да добие стартна позиција, а потоа во зависност од формата може да се променат работите.
„Кога играте за најдобрите тимови, очекувате конкуренција со најдобри фудбалери и Исак е еден од нив“, вели Екитике.
„Задоволство ми е што тој дојде тука. Ќе биде тешка конуренција, но ќе работам напорно за да бидам добар и да играм на моето најдобро ниво“.