Пикси: Забрането ли е да ја победиме Англија? Колку што знам не…

by Стефан
1 минути читање

Репрезентацијата на Србија со многу мака и едвај славеше против Летонија (1-0) во третото коло од мундијалските квалификации, а сега избраницитена Пикси ги очекува натпревар против Англија во Белград.

Новинарите на денешната прес-конференција го прашаа Пикси дали смета дека неговата репрезентација може да ја победи Англија и според одговорот српскиот селектор е прилично самоуверен пред овој дуел.

„Ќе одговорам со друго прашање, зошто да не победиме? Дали е забрането? Колку, што знам не е…тие имаат цел, ние имаме цел, па ќе биде борбна. Не се плашам и не ме интересира кој е на спротивнаа страна, ќе го припремам натпреарот за она што сакам да го направиме. За да бидете добар тим мора да покжете, зрелост, дисциплина, многу трчање, борбеност и да играте во два правци, да се браните и да напаѓате. Припремата е нормално, ништо не се разликува, само во Рига имав чувство дека одам на натпревар без адреналин, ова е сосема нешто поинаку.

Во ред, вие сте нглија, ве почитуваме, но покажете на терен дека сте подобри. Тоа е разликата во она што го кажувате и што го покажувате на терен. Натпреварот во секој случај ќе биде отворен, ниту Англија доаѓа да се брани, ниту ние нема да се браниме во Белград. Ќе се браниме кога мораме, ќе напаѓаме кога можеме“, порача Пикси.

Натпреварот помеѓу Србија и Англија се игра утре во терминот од 20:45 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×