Два пати го победи ракот и му се врати на фудбалот, па поради невнимание доби 10 месеци суспензија

by bojan
1 минути читање

Јерај Алварез доби 10 месеци суспензија, казната следува откако дефанзивецот на Атлетик Билбао падна на допинг тест по натпреварот против Манчестер јунајтед во Лига Европа на 1. мај.

Јерај Алварез два пати го победи ракот и му се врати на фудбалот, но поради мало невнимание сега ќе биде надвор од терените до 1. април.

Дефанзивецот падна на допинг тест по натпреварот против Манчестер јунајтед во Лига Европа на почетокот од месец мај, а на почетокот од јуни тој прифати доброволно да биде суспендиран.

Јерај Алварез беше позитивен на супстанцата канренон, тој се правдаше дека ненамерно ја внел при консумација на лек против опаѓање на коса која бил користен од неговата партнерка.

Европската куќа на фудбалот му го прифати образложението и признава дека станува за грешка без намера за допинг.

Сепак, од УЕФА порачуваат дека според важечките прописи, спортистите се одговорни за своите постапки, па треба да проверат дали лекот е дозволен пред да го земат.

На Јерај Алварез му е изречена суспензија од 10 месеци, дефанзивецот ќе може да почне да тренира на почетокот од февруари следната година, а на терените да се врати на почетокот од април.

ФОТО: X/Athletic Club

Можно е и ова да ти се допаѓа

×