Арсенал без еден столб во одбраната барем еден месец

by 24 фудбал
1 минути читање

Микел Артета доби нов повод за грижа по само неколку кола од новата сезона, откако Арсенал се соочи со серија повреди меѓу своите клучни играчи. Каи Хаверц заработи сериозна повреда на коленото, додека Букајо Сака го пропушти големото дерби со Ливерпул поради проблем со мускулите.

Сега на списокот на повредени се најде и еден од главните дефанзивци Вилиам Салиба, кој го повреди мускулот токму на „Енфилд“. Првичните прогнози велат дека Французинот ќе паузира најмалку еден месец, што значи дека ќе ја пропушти наредната серија од седум натпревари на „топчиите“.

Арсенал во следниот период ќе се соочи со Нотингем Форест, Манчестер Сити, Њукасл и Вест Хем во Премиер лигата, потоа ќе игра против Атлетик Билбао и Олимпијакос во Лигата на шампионите, како и со Порт Вејл во Лига купот, натпревари на кои Салиба најверојатно нема да биде на располагање.

Се очекува неговата улога да ја преземе Матијас Хинкапи, дефанзивецот кој пред самиот крај на преодниот рок пристигна на позајмица од Баер Леверкузен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×