386
Камерунскиот голман Андре Онана ќе ја продолжи кариерата во Турција, бидејќи ќе се пресели на позајмица во Трабзонспор. Според информации на новинарот Фабрицио Романо, договорот не содржи клаузула за откуп, а трансферот ќе биде официјално потврден оваа недела.
Онана, кој од 2023 година е член на Манчестер јунајтед и во клубот стигна од Интер за околу 50 милиони евра, ќе ја зголеми својата плата во новиот клуб, кој ќе го покрие истиот финансиски пакет како во Јунајтед, плус бонуси и потписна награда.
Голманот во Манчестер јунајтед одигра 102 натпревари, од кои 24 остана несвладан, пред тоа да игра за Интер, Ајакс и да помине низ младинската школа на Барселона.