Бразилската јавност е во шок по смртта на голманот Антонио Едсон дос Сантос Соуза, познат како Пиксе, кој почина на 34 години за време на футсал турнир во општината Аугусто Кореија.
Несреќата се случила откако Едсон одбранил пенал, а топката го погодила директно во градите. Веднаш потоа се срушил на паркетот. Иако лекарите веднаш интервенирале и го пренеле во болница, таму само била констатирана неговата смрт.
Футсал федерацијата на државата Пара изрази голема тага и упати сочувство до семејството и пријателите на голманот, опишувајќи го како спортист со огромна посветеност и личност која оставала силен впечаток и на теренот и надвор од него. Организаторите решија натпреварувањето да биде прекинато веднаш по трагичниот настан.