Баер Леверкузен влезе во неочекуван проблем уште на самиот почеток на сезоната. Клубот реши да се раздели со Ерик тен Хаг, кој на клупата се задржа само на два официјални натпревари пред да добие отказ.
Раководството на „фармацевтите“ сега е внимателно во изборот на нов тренер и, според германските медиуми, не сака повторно да направи грешка со брзоплето решение. Сепак, веќе се издвојуваат две имиња како најсериозни опции. Станува збор за Тијаго Мота и Анге Постекоглу.
И двајцата стратези се без работа по заминувањата од Јувентус и Тотнем и отворено бараат нова авантура. Леверкузен би им понудил голем предизвик, со оглед на тоа што летово остана без повеќе клучни играчи, што дополнително ја усложнува задачата на оној кој ќе седне на клупата.