226
Пренатрупаноста на фудбалскиот календар често е тема на разговор на многу ѕвезди, тренери, оперативци.
Последен кој зборуваше на оваа тематика е Килиан Мбапе. Францускиот напаѓач на Реал Мадрид смета дека ниту еден фудбалер не може да го даде најдоброто од себе ако игра 60 натпревари во сезона.
„Не знам дали сме подготвени да играме 60 натпревари. Не се сеќавам дека сум видел некој фудбалер да покажува најдобри перформанси на толку многу натпревари во сезона. Потребен ни е одмор“, изјави Мбапе.
Фудбалерите во последно време го критикуваат и се жалат за густиот календар, а спротивно на тоа уживаат во неверојатно високи плати кои само растат и растат.