Челси во последниот ден од преодниот рок го ангажираше Факундо Буонаноте од Брајтон, младиот Аргентинец изјави дека е пресреќен дека за прв пат ќе игра во Лигата на шампиони, но 48 часа подоцна не се најде на списокот за настап во најелитното европско првенство.
„Сините“ ова лето потрошија околу 330 милиони евра на засилувања ова лето, но последното, десеттото засилување беше многу чудно.
На „Стемфорд Бриџ“ пристигна Факундо Буонаноте од Брајтон и тоа на позајмица до крајот на сезоната.
Facundo Buonanotte has arrived. 👋 pic.twitter.com/8upPLft6aa
— Chelsea FC (@ChelseaFC) September 1, 2025
Младиот Аргентинец во својата прва изјава рече дека е пресреќен дека за прв пат ќе игра во Лигата на шампиони.
Но само два дена подоцна, Факундо Буонаноте брутално беше изоставен од списокот, тој беше еден од тројцата играчи, заедно со Ромео Лавија и Рахим Стерлинг, на кои Енцо Мареска реши да не смета за првиот дел од најелитното европско натпреварување.