Aктуелниот светски шампион, Аргентина во ноќта која следи против Венецуела ќе игра историски натпревар во квалификациите заа Светското првенство.
Натпеварот нема да биде посебен поради резултатското значење, туку затоа што во Буенос Аирес, Меси за последен пат во домашен натпревар ќе ги брани боите на Аргентина.
Неговиот 193 натпревар во националниот дрес ќе биде последниот на домашен терен и тоа донесе многу емоции на прес-конференцијата пред натпреварот.
Еден од новинарите го праша Скалони дали играњето со Меси, а потоа и тренирањето било нешто најдобро во неговиот живот, Скалони емотивно одговори.
„Да се дели теренот со него и се друго беше неверојатно. Возбуливо е да се сподели момент како освојувањето на Светското првенство. Тоа што ќе се случи утре ќе донесе многу емоции. Ако тоа навистина му е последен натпревар, ќе се погрижиме да одигра уште еден натпревар во нашата земја. И морате да уживате во тоа“, одговори Скалони.
Тогаш друг новинар тргна да поставува прашање, но Скалони го прекина покажувајќи на новинарот кој го постави претходното прашање.
„Тој плаче!“, истакна Скалони, а потоа продолжи: „Не ми беше тоа намерата…“
Новинарот во солзи одговори:
„Ми ја пруживте најголемата радост во животот…“, Тогаш се расплака и Скалони.
🎥 𝗪𝗔𝗧𝗖𝗛: Lionel Scaloni got emotional along with a journalist after being asked about his bond with Lionel Messi and his possible last official match in Argentina.
— Viralitity (@Viralitity) September 3, 2025
"You gave me the greatest joy of my life."pic.twitter.com/AkxrcUKjfn