Македонската фудбалска репрезентација ќе се судри со Саудиска Арабија во пријателски натпревар во Прага.
Во пресрет на средбата во Чешка нашата најискусна репрезентација го одржа официјалниот тренинг, а коментар за она што следува даде селекторот Милевски.
Максимално сериозен противник имаме во името на Саудиска Арабија. Неслучајно се одлучивме да играме со нив, затоа што ќе може да го видиме моменталниот потенцијал кој го поседуваме. Шанса ќе добијат сите, но не значи дека овој дуел не ни е важен.
„Се работи за ривал редовен учесник на Светските првенства и го гледам дуелот како еден предизвик за сите наши играчи. Мислам дека сите кои ќе настапат, ќе бидат во функција на она што не очекува за во недела, тоа е дуелот со Лихтенштајн. Очекувам секој да го покаже својот потенцијал и да се наметне да ја зголеми конкуренцијата. Очекувам исто така Маакедонија да покаже дека може, дури и оние кои имаат помала минутажа, односно играчите кои бараат нови средини или доцна го решија својот статус. Се надевам дека тоа нема да има трага на физичката подготвеност, важно ми е сите да се здрави. Нашата најдобра репрезентација пристигна Прага и на стадионот на Викторија Жижков го одработува тренингот во пресрет на утрешниот натпревар со Саудиска Арабија“, изјави Милевски.
Македонија веќе в недела ја очекува домашниот натпревар од квалификациите за Светското првенство против Лихтенштајн во Скопје.