Санчо во последен момент го напушти Јунајтед, но остана во Премиер лигата!

by riste
0 минути читање

Во последните мигови од преодниот рок Џејдон Санчо успеа да направи трансфер, во оваа сезона тој ќе го носи дресот на Астон Вила каде замина на позајмица.

Санчо во најголемиот дел од преодниот рок се поврзуваше со Рома, но на крајот остана во Англија.

Астон Вила потврди дека тој ќе настапува за нив како позајмен играч.

80 проценти од платата на Санчо ќе ја покрива Астон Вила, а 20 проценти Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×