Капитенот на Кристал Палас, Марк Геи остана без трансфер во Ливерпул и покрај тоа што денеска се беше договорено, „орлите“ се повлекоа во последен миг под закана за оставка од тренерот Оливер Глазнер.
Марк Геи цело лето беше на радарот на Ливерпул и „црвените“ денеска конечно успеаја да договорат трансфер вреден околу 35 милиони фунти.
Дефанзивецот ги помина редовните лекарски прегледи, од Премиерлигата беа побарани два екстра часа за комплетирање на трансферот, но Кристал Палас во последен миг стави рампа.
Популарните „орли“ не успеаја да најдат соодветна замена, па тренерот Оливер Глазнер се заканил дека ќе си поднесе оставка доколку Марк Геи биде продаден.
За да не дојде до вакво сценарио, раководството на клубот ја блокираше зделката и Марк Геи ќе остане во Лондон.
ФОТО: X/Crystal Palace F.C.