Рабио потпиша за Милан, на првиот натпревар ќе се сретне со тепачот Роу

by bojan
1 минути читање

„Росонерите“ вечерва и официјално го потврдија трансферот на Адриен Раби, фудбалерот од средниот ред стави потпис на тригодишен договор.

Адриен Рабио се враќа во Калчото, повикот од Макс Алегри, со кого соработуваше во Јувентус, беше доволен за сега да се пресели на Сан Сиро.

„Милан е задоволен што може да го соопшти трансферот на Адриен Рабио од Марсеј, Французинот стави потпис на договор до јуни 2028“ – гласеше известувањето на „росонерите“.

Интересно, Адриен Рабио во својот прв натпревар во дресот на Милан ќе игра против Џонатан Роу, соиграчот од Марсеј со кого се степа во соблекувалната.

По срамниот инцидент пред две недели, двајцата беа ставени на трансфер листа, Џонатан Роу се пресели во Болоња, Адриен Рабио во Милан, а токму овие два клуба се среќаваат во Серија А на 14. септември, првото коло по паузата за настап со репрезентациите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×