Наполи вечерва го потврди ангажманот на Расмус Хојлунд од Манчестер јунајтед, напаѓачот пристигнува на позајмица со опција за перманентен трансфер, која ќе стане обврска во случај на пласман во Лигата на шампиони.
Расмус Хојлунд по две години става крај на авантурата на Олд Трафорд, напаѓачот се враќа во Серија А, во новата сезона ќе го носи дресот на Наполи.
„Наполи може да соопшти дека го ангажираше Расмус Хојлунд на позајмица од Манчестер јунајтед со обврска во целост да го купи“ – гласеше соопштението на клубот од „Диего Марадона“ стадионот.
Како што пренесуваат медиумите, Наполи за позајмицата на Хојлунд ќе плати околу 6 милиони евра, доколку обврската за перманентен трансфер е поставена на 44 милиони евра и е поврзана со пласман во Лигата на шампиони.
Манчестер јуанјтед го ангажираше Данецот пред две години и за неговите услуги плати 75 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.