Јунајтед има идеја: Може да го искористи Санчо за да го доведе светскиот шампион?

by Стефан
0 минути читање

Познатиот италијански инсајдер Фабрицио Романо објави дека Манчестер јунајтед веќе ги направил првите чекори за ангажман на Емилијано Мартинез.

Веста дека Јунајтед го сака аргентинскиот чувар на мрежата се појави утрово, а сега како дополнување Романо објавува нови информации.

Наводно, Мартинез сака да се пресели во Манчестер јунајтед и првичните разговори со Астон вила веќе се оствариле. Исто така се истакнува дека во целаа операција би можел да биде вклучен Џејдон Санчо за кого Вила размислува.

Сепак, се наведува дека Јунајтед преговара и со Сен Леменс од Антверп кој исто така подолго време е на „радарот“ на „ѓаволите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×