Орсолини го „спушти на земја“ Комо, Аталанта повторно не победи (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

.Екипата на Koмо не успеа да ја продолжи победничката низа и на првото гостување сезонава загуби на „Ренато Дала’Ара“ од Болоња со минимални 1-0.

Триумфот на тимот на Винченцо Италијано го донесе најдоброто дуо во нападот,по асистенција на Кастро, Рикардо Орсолини во 58. минута ја затресе мрежата и ги запиша првите три бода за Куп-победникот.

Ниту Иван Јуриќ со Аталанта не успеа да стигне до прва победа во новата сезона во Серија А. По ремито со Пиза на отворањето, бергамашите повторно се сопнаа, овојпат на гостувањето кај Парма.

Иако создадоа повеќе шанси во првото полувреме, голови немаше до 79. минута кога Марио Пашалиќ донесе водство. Но радоста траеше кратко, резервистот Патрик Кутроне веднаш израмни за конечни 1-1 и голем бод за домаќините.

Вечерва второто коло продолжува со уште два интересни дуели, Наполи ќе го нагости Каљари, додека Рома на Жозе гостува кај Пиза.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×