Николас Џексон летна за Минхен, па место трансфер во Баерн доби повик веднаш да се врати во Лондон

by bojan
1 минути читање
Челси постави неверојатна цена за својот напаѓач Николас Џексон

Николас Џексон попладнево се качи во авион и летна за Минхен на лекарски прегледи и комплетирање на трансферот во Баерн, но доби повик од Челси да се врати во Лондон поради повредата на Лиам Делап.

Николас Џексон беше пред преселба во Баерн Минхен откако падна договор за позајмица вредна 15 милиони евра.

Напаѓачот со својата придружба попладнево се качи во авион и летна за Минхен на лекарски прегледи и комплетирање на трансферот.

Сепак, медиумите од Англија пренесуваат дека зделката нема да се реализира, Николас Џексон добил повик да се врати во Лондон.

„Сините“ се решиле на еден ваков потег откако на мечот со Фулам се повреди Лиам Делап.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×