Њукасл ќе ангажира уште еден напаѓач, а потоа ќе биде реализиран најголемиот трансфер ова лето

by bojan
1 минути читање

Њукасл утрово го потврди ангажманот на Ник Волтемаде од Штутгарт, но планира да донесе уште еден напаѓач до крајот на преодниот рок и потоа да го продаде Александер Исак на Ливерпул за рекордни 130 милиони фунти.

Клубот од „Сент Џејмс Парк“ денеска го комплетираше трансферот на Ник Волтемаде од Штутгарт за 90 милиони евра, и го направи Германецот најскапото засилување во својата историја.

Но тој нема да биде единственото ново име до крајот на преодниот рок, Њукасл сака да ангажира уште еден напаѓач.

Јорген Странд Ларсен од Вулверхемптон и Јоан Виса од Брентфорд се на листата со желби, и за двајцата веќе беа доставени по две понуди (50, па 55 милиони за Норвежанецот и 35, па 40 милиони за фудбалерот од ДР Конго).

Њукасл се надева дека ќе успее да купи барем еден од нив, и со тоа ќе се отвори вратата за најголемиот трансфер ова лето – Александер Исак да се пресели во Ливерпул за 130 милиони фунти, нов рекорд за Премиерлигата.

Новинарот Јан Аге Фјортофт вели дека трансферот на Александар Исак веќе е договорен и наскоро ќе биде потврден.

ФОТО: fb/Newcastle United

Можно е и ова да ти се допаѓа

×