Поранешниот дефанзивец на Челси, ПСЖ, Арсенал и Фламенго, Давид Луис доби забрана за приближување, девојка го пријавила во полиција откако добила порака со закани.
Давид Луис неодамна се најде во фокусот на јавноста откако реши да направи трансфер во кипарски Пафос, клуб кој ќе игра во Лигата на шампиони откако ја елиминираше Црвена звезда во плеј-офот.
Но Бразилецот сега го привлече вниманието со работи кои не се поврзани со фудбалот.
Судот му издаде забрана за приближување по пријава добиена од девојка, која стравувала за својот живот по добиени закани.
Франсиска Барбоса имала вонбрачна афера со Давид Луис додека тој настапувал во Форталеза, но врската била прекината кога фудбалерот предложил секс во тројка.
Откако девојката ја одбила понудата, почнале заканите.
„Знаеш дека сум богат и познат, па немој да се правиш паметна. Ќе биде жално доколку твојот син ќе треба да ги сноси последиците за твоите одлуки“ – гласела една од пораките.
„Едноставно можам да направам да исчезнеш. Имам човек кој во секој момент знае каде си“ – гласела друга порака.