Чави Симонс е во Лондон, но наместо во Челси, ќе направи трансфер во друг клуб

by bojan
1 минути читање

Чави Симонс денеска пристигнал во Лондон за да ги финализира преговорите за трансфер во Премиерлигата, но големи се шансите да заврши во Тотнем, а не во Челси.

Изминатиов период често имаше гласини кои го поврзуваа Чави Симонс со Челси, се говореше дека Холанѓанецот веќе си подал рака со „сините“ и се чека само двата клуба да пронајдат заеднички јазик за висината на обесштетувањето.

Скај Германија попладнево објави дека Чави Симонс денеска пристигнал во Лондон да ги финализира преговорите за трансфер во Премиерлигата, но големи се шансите да се случи пресврт и фудбалерот да заврши во Тотнем.

„Спарси“ се во потрага на засилување за офанзивата, и откако извисија во намерата да го ангажираат Еберечи Езе, се обидуваат да го убедат Чави Симонс да го избере северниот дел на Лондон.

Тотнем е подготвен да плати 70 милиони евра, сумата која ја бара РБ Лајпциг, па останува да се види дали Челси ќе реагира и ќе го изедначи овој предлог, или Чави Симонс ќе стане ново засилување за „спарси“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×