Џејдон Санчо ќе направи изненадувачки трансфер поради својата девојка?!

by bojan
1 минути читање

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо може да направи изненадувачки трансфер и да се пресели во САД, изборот е поради неговата девојка, познатата раперка Савити.

Џејдон Санчо не е дел од плановите на Рубен Аморим, па ова лето треба да си најде нов клуб откако Челси одби да го купи во целост.

На почетокот од преодниот рок, Англичанецот се поврзуваше со Јувентус, во еден момент се чинеше дека трансферот е пред реализирање, но преговорите на крајот се изјаловија.

Во последно време тој се поврзува со Рома и Бешикташ, но Џејдон Санчо не сака да се пресели ниту во Рим, ниту во Истанбул.

Како што пренесува Газета дело Спорт, на изборот на Џејдон Санчо влијае љубовната врска со познатата раперка Савити.

Тој дури размислува и за изненадувачки трансфер и преселба во МЛС откако посетил неколку градови во САД каде таа имала концерти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×