140
Поранешниот фудбалер на Јувентус, Адриен Рабио би можел да се врати во Италија, овојпат да го облече дресот на Милан.
Рабио е на излезна врата од Марсеј поради инцидентот во соблекувалната по првото коло во француската лига.
Французинот е ставен на продажба, а Милан сака да ја искористи ситуацијата и да го купи.
Наводно, Масимо Алегри е тој кој прави притисок за ангажман на Рабио.
Марсеј го проценува Рабио на околу 14-15 милиони евра, но не сакаат во зделката да биде вклучен и Бенасер, како што некои пишуваат.