284
Фудбалската федерација на Македонија потврди дека е отворен дисциплинска постапка проив екипата на Пелистер за последниот натпревар против Шкупи.
Пелистер во натпреварот кој се играше во Кавадарци славеше против Шкупи, но сега е отворена постапка поради однесувањето и скандирањето на дел од фановите на битолскиот клуб.
„По пријава на делегатот на натпреварот ФК Пелистер – ФК Шкупи, Комисијата за натпревари во рамки на ФФМ го предаде ФК Пелистер на понатамошна постапка во Дисциплинската комисија.
Пријавата се однесува поради навредливо скандирање на дел од навивачите на натпреварот Пелистер – Шкупи, одигран во рамки на 3. коло од Прва МФЛ“, објави ФФМ.