Пуштени во продажба билетите за гостувањето на Македонија против Белгија

by Стефан
1 минути читање

Македонските навивачи кои ќе имаат можност да патуваат во Гент или што жвиеат во овој град ќе имаат можност да навиваат за нашата репрезентација против Белгија за 25 евра.

Билетите преку платформата на ФФМ (ТУКА) се веќе пуштени во продажба, а цената за деца до 12 години изнесува 21 евро.

„При купувањето, секој навивач најпрво добива ваучер како потврда за извршената трансакција. Врз основа на ваучерот, официјалниот билет се издава и потоа се испраќа на адресата што е наведена при самото купување.

Доставата на билетите се врши електронски (e-mail) и истите пристигнуваат најдоцна во рок од две седмици на наведената адреса“, информираат од федерацијата.

Натпреварот на гости против Белгија ќе го играме на 10 октомври во терминот од 20:45 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×