Милан има нова идеја за засилување во нападот – тргнува по наследникот на Ѓокереш!

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Милан беше на чекор од доведување на Викор Бонидејс, но трансферот пропадна откако нигерискиот напаѓач не ги помина медицинските прегледи. Поради тоа, раководството на „росонерите“ повторно е во потрага по ново засилување во офанзивата.

Според италијанските медиуми, прва мета на Милан сега е 20-годишниот Конрад Хардер, голем талент и наследник на Виктор Ѓокереш во редовите на Спортинг Лисабон, Конрад Хардер.

Хардер пристигна во португалскиот гигант минатото лето за 19 милиони евра и иако најчесто играше како замена за Ѓокереш, сепак успеа да постигне 13 погодоци и да додаде 10 асистенции.

Интерес за младиот напаѓач покажале и неколку клубови од Франција, но Милан е првиот што направил конкретен обид за да го донесе на „Сан Сиро“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×