Eкипата на Манчестер јунајтед не успеа да слави победа и во второто коло од Премиер лигата, па поразот во дербито со Арсенал, денеска „црвените ѓаволи“ одиграа 1-1 на гости кај Фулам.
Првото полувреме донесе по некоја прилика и на двете страни, а најголемата ја пропушти Бруно Ферннадеш. Португалецот доби прилика од пенал да го постигне првиот гол во новата сезона, меѓутоа не реализираше и го изведе еден од најлошите удари од белата точка во неговата кариера.
До водство избраниците на Рубен Аморим стигнаа во 58-та минута кога Родриго Муноз ја погоди сопствената мрежа.
Клучниот момент стратегот на Фулам, Силва го направи во 71. минута кога во игра го внесе Смит Роу. Поранешниот фудбалер на Арсенал само две минути подоцна ја погоди мрежата за конечни 1-1.
За Фулам ова е второ реми откако претходно одиграа 1-1 и против Брајтон во првото коло.
Фото: Premier League/X