Жирона го „отпиша“, Миовски пред трансфер!

by Стефан
1 минути читање

Бојан Миовски минатото лето направи трансфер од Абердин во редовите на шпанска Жирона, a според последните најави, македонскиот репрезентативец е на чекор до враќање во Шкотска каде што играше најдобро во својата кариера.

Најсериозен кандидат за неговиот потпис е Ренџерс. Жирона за Миовски издвои 6,5 милиони евра, но Маакедонецот не успеа да се наметне во Ла Лига и на 24 настапи постигна четири гола, од кои два во Купот.

Дополнителен сигнал за можно заминување е фактот што Миовски не се најде во составот за претстојниот дуел со Виљареал кој е игра в недела. . Според новинарот Нил Сола, Ренџерс е подготвен да го доведе на позајмица со опција за откуп, додека Жирона ќе настојува да врати барем дел од инвестицијата.

Во својата досегашна кариера, Миовски покрај Абердин и Жирона има настапувано и за МТК, Ренова, Работнички, Македонија ЃП и Брегалница, клубот каде што ги направи првите фудбалски чекори.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×