Интернет страницата со името „Фондација Диого Жота“ повеќе не функционира откако било откриено дека зад неа стојат изманици, а не некој од семејството на фудбалерот.
Португалската јавност и понатаму жали по смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кои животот го загубија во сообраќајна несреќа на почетокот од јули, а низ целиот свет се организираа бројни акции во чест на нив. Но, наместо сочувство, некои решија трагедијата да ја претворат во можност за брза заработка.
Само три дена по смртта на Жота се појавила интернет страница која се претставувала како официјална фондација. Таа за кусо време собрала донации во висина од околу 75.000 евра, кои луѓето веруваа дека ќе бидат насочени кон семејството на фудбалерот. Но, наместо тоа, парите завршија во рацете на измамниците.
Од редовите на Ливерпул, како и од семејството на Жота потврдија дека немаат никаква поврзаност со ваква фондација ниту со страницата што исчезна утрово. Дополнително, беше потврдено дека „фондацијата“ воопшто и не поднела барање за официјална регистрација.
Сепак, доека се чекало измамата да биде потврдена, таа престанала со работа, а изманиците „побегнале“.
🚨 UPDATE: A foundation set up in memory of Diogo Jota has disappeared off the internet after it emerged it had no connection to his family or Liverpool
— Telegraph Football (@TeleFootball) August 22, 2025
Find out more from @ben_rumsby ⬇️https://t.co/08YKtfWL8R#LFC pic.twitter.com/bSJ70mb0Hk