272
Нотингем форест со победа од 3-1 над Брентфорд ја стартуваше новата сезона во Премиер лигата, но англиските медиуми пишуваат дека ситуацијата меѓу газдата на Нотингем форест Евангелос Маринакис и тренерот Нуњо Еспирито Санто е тензична и можна е разделба.
Овие двајца имаа непријатни моменти и пред крајот на сезоната кога Гркот на терен вербално му се пушти на својот тренер.
Се чинеше дека недоразбирањата се надминати и ситуацијата е под контрола. Но, сега стигнуваат информации дека повторно има нарушување на односот меѓу двајцата.
Наводно, Нотингем форест веќе почнал да ги разгледува опциите за нов тренер.