Францускиот дефанзивец, Жил Кунде денеска и официјално го продолжи договорот со Барселона до 2030 година, потврди каталонскиот гигант.
Финансиските детали не се објавени, а во соопштението се истакнува дека на продолжувањето на договорот присуствувале, претседателот Лапорта, потпретседателот Рафа Хусте, спортскиот директор Деко и кординаторот Бојан Кркиќ.
Кунде во минатата сезона беше еден од најважните фудбалери во тимот на Ханси Флик и собра 53 настпаи во сите натпреварувања, а сезоната во која најчесто играше како десен бек ја заврши со четири гола и осум асистенции.
Дресот на Барселона Кунде го носи од 2022 година, претходно беше дел од Севиља и Бордо.
The Jules era continues, culers 💙❤️ pic.twitter.com/X6O0zWTspH
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 21, 2025