Фудбалската федерација на Македонија на денешниот состанок на дисциплинската комисија донела одлуки за казни на тројца фудбалери и еден тренер, но исто така и четири клубови се соочиле со дициплински постапки.
Во прашање се екипите на Шкендија, Вардар, Шкупи и Тиквеш, додека казнети фудбалери се
Немања Здравковиќ од Пелистер, Даниел Мојсов од Тиквеш и Јосе Карлос Македонија Ѓорче Петров. Супсензија има и за помошник тренерот на Вардар, Матија Мирков, нно и за Никола Стојаноски, претставник на „црвено-црните“.
Дисциплински мерки:
Немања Здравковиќ – фудбалер на ФК Пелистер АД – забрана за настап на 2 натпревари
Даниел Мојсов – фудбалер на ФК Тиквеш АД – забрана за настап на 2 натпревари
Јосе Карлос – фудбалер на ФК Македонија ЃП – забрана за настап на 2 натпревари
Матија Мирков – тренер на ФК Вардар АД – забрана за водење на 2 натпревари
Никола Стојаноски – претставник на ФК Вардар – забрана за извршување функција на 1 натпревар
Поведување дисциплински постапки:
ФК Тиквеш АД – поради користење на пиротехнички средства на натпреварот ФК Тиквеш – ФК Вардар (2. коло, Прва МФЛ)
ФК Вардар АД – поради користење на пиротехнички средства на натпреварот ФК Тиквеш – ФК Вардар (2. коло, Прва МФЛ)
ФК Шкендија АД – поради недолично и навредливо скандирање на навивачката група на натпреварот ФК Македонија ЃП – ФК Шкендија (2. коло, Прва МФЛ)
ФК Шкупи 1927 АД – поради неисполнување на неопходните услови утврдени во Правилникот за инфраструктура и стадиони на ФФМ, особено во делот на:
– обезбедување на соодветен терен и пропратни објекти
– исполнување на условите за имплементација на ВАР технологијата
– неможност клубот да обезбеди терен за одигрување на натпреварот ФК Шкупи 1927 АД – ФК Силекс АД, закажан за 17.08.2025 во 17:00 часот