Шкупи остана без капитенот, Али Адем ќе игра на другата страна на градот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Али Адем експресно заминува од редовите на Шкупи, иако летово се врати и веднаш стана капитен по многуте проблеми во тимот.

Играчот за врска кој и во минатото го носеше дресот на „чаирчани“ замина од Шкупи, а кариерата ќе ја продолжи на другата страна на градот Скопје и ќе заигра за Македонија Ѓорче Петров. Адем веќе стави потпис на договор со „лавовите“ и веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Бобан Грнчаров.

Во својата кариера Адем тргна преку Вардар, па млад прејде во Арис Салоники. Грчкиот клуб го позајмуваше во Шкупи и Вериа, а во 2022 се врати во редовите на тимот од Чаир. По две години се пресели во албански Фљамуртари, но летово се врати во Шкупи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×