Јамал снимен со нова девојка, повторно е повозрасна од него (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Тинејџерот на Барсселона Ламин Јамал, повторно е во фокусот на јавноста поради неговиот бурен живот надвор од терените.

Младата сензација летово наполни 18 години и по тој повод организираше голема забава на Ибица, а претходно неколку дена помина во Италија во друштво на инфлуенсерката Фати Васкез, која е 12 години постара од него, па така редовно беше во медиумите поради работи кои не се поврзани со фудбалот.

Сега медиумите го поврзуваат со аргентинската пејачка Ники Никол (24), која беше забележана на трибините за време на натпреварот меѓу Барселона и Мајорка, а потоа и во негово друштво во Монако. На социјалните мрежи објавени се и снимки од двајцата при прошетка во Монте Карло. Исто така се коментира дека биле забележани на брод.

Двајцата престојувале во луксузниот хотел „Maybourne Riviera“, каде цената на ноќевањето може да достигне и до 10.000 евра. Шпанските медиуми потсетуваат и дека Никол присуствуваше на роденденската забава на Јамал на 13 јули, што уште повеќе ги поттикна шпекулациите за нивната блискост.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×