Црногорскиот репрезентативец Никола Крстовиќ е пред голем трансфер во Серија А, откако според информациите од Италија, напаѓачот ги договорил сите детали со Аталанта и ќе стане ново засилување на тимот од Бергамо.
За 24-годишниот голгетер имаше интерес од повеќе клубови, но тој ја избрал понудата од северот на Италија каде тренерот Иван Јуриќ очекува да добие значајно офанзивно оружје.
Неговиот досегашен клуб Лече ќе инкасира 25 милиони евра, а дополнително во договорот се предвидени и бонуси. Крстовиќ ќе потпише петгодишен договор со Аталанта.
Минатата сезона тој беше еден од најдобрите фудбалери на Лече, со постигнати 12 погодоци во Серија А. Претходно играше за Дунајска Стреда, Црвена Звезда, Графичар и Зета.