Александер Исак не планира веќе да игра за Њукасл иако има договор со англискиот клуб, тој има само една желба, да направи трансфер во Ливерпул.
Доцна синоќа прв својот збор го кажа Исак. Тој беше избран во тимот на минатата сезона, па тој повод го искористи и да каже што мисли за Њукасл.
„Кога ветувањата ќе се прекршат и довербата ќе се загуби, врската не може да продолжи. Горд сум што сум дел од тимот на Премиер лигата за сезоната 2024/24“, напиша Исак на социјалните мрежи.
Одговорот од Њукасл брзо стигна.
„Разочарани сме што бевме известени за објава на социјалните мрежи од Александер Исак вечерва.
Јасно ни е дека Алекс останува под договор и дека никогаш не е дадено некакво ветување од страна на вработен во клубот дека Алекс може да го напушти Њукасл ова лето.
Сакаме да ги задржиме нашите најдобри играчи, но исто така сме свесни дека играчите имаат свои желби и ги слушаме нивните мислења. Како што им беше објаснето на Алекс и неговите претставници, ние секогаш мора да ги земеме во предвид најдобрите интереси за Њукасл, тимот и нашите навивачи во сите одлуки кои ги носиме и бевме јасни дека условите за продажба ова лето не се случиле.
Не предвидуваме дека тие услови ќе бидат исполнети.
„Ова е горд фудбалски клуб со горда традиција и се стремиме да го задржиме нашето семејно чувство. Алекс останува дел од нашите семејство и ќе биде добредојден назад кога ќе биде подготвен да им се приклучи на своите соиграчи“, стои во соопштението на Њукасл.