Баерн Минхен го овои првиот трофеј од почетокот на сезоната со триумфот над Штутгарт со 2-1 во финалето од Суперкупот во Германија, а херој на гигантот од Минхен беше Луис Дијаз, фудбалерот кој пристигна од Ливерпул.
Колумбиецот го постигна првиот гол на официјален натпревар за Баерн и со прославата му оддадде почит на Диого Жота.
Дијаз беше најкритикуваниот фудбалер по смртта Поругалецот бидејќи не се појави на погребот на неговиот соиграч и истиот ден се забавуваше на концерт во неговата земја.
Поради тоа доби жестоки критики, а сега за првпат пред медиумите зборуваше за Жота.
„Беше толку брутално…Си замина прерано, ние изгубивме неверојатно соиграч и понатаму не можам да поверувам дкеа го нема. Никој од нас не беше подготвен да слушне такво нешто“, изјави Дијаз по натпреварот во кој го потигна деби голот.